[ВИДЕО] Македонец сопственик на пекарница во Америка продава леб кој го нарекол „Лепа Брена: И самата пејачка се појавила во дуќанот за да провери

Точка

10/05/2025

15:11

1.305

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на пекарница во Соединетите Американски Држави, Горан Тевдовски, со потекло од Македонија неодамна во подкастот „Only in America“ откри како дошол до идејата еден од своите производи да го именува по една од најголемите музички ѕвезди од Балканот – Лепа Брена.

Во разговорот, тој зборуваше за својот живот и бизнис во Америка, како и за предизвиците и предностите да се биде човек од дијаспората. Еден од најинтересните детали беше лебот именуван по фолк пејачката Лепа Брена.

„Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се тој се вика „Лепа Брена“. Татко ми се сети дека порано имаше приказна за тоа во Македонија, па одлучивме да ја земеме таа идеја и да ја реализираме. Дури и Брена дојде кај нас за да провери дали е вистина“, раскажал сопственикот на пекарницата.


За време на интервјуто, тој се осврнал и на спецификите на американскиот пазар, нагласувајќи дека купувачите од балканската дијаспора најчесто избираат традиционални производи, што му овозможува да пласира на пазарот автентични вкусови и рецепти. Особено ја нагласил големата побарувачка за производи како што се бурек и пита.

Инаку, Лепа Брена има статус на икона во Србија, а локалните медиуми потсетуваат дека во Нови Сад, на пример, пејачката има киоск на кој се продаваат бургери, додека згради што го носат нејзиното име можат да се видат низ целата земја.

Едно време, куклите со нејзиниот лик исто така добија голема популарност, кои беа вистински хит меѓу фановите. Денес, тие кукли се повеќе носталгичен сувенир, но сè уште можат да се најдат на веб-страници за продажба на употребувани предмети, по цени што достигнуваат и до 9.000 српски динари.