Забавниот парк „Dream World“ во Тајланд шокираше милиони луѓе ширум светот откако на социјалните мрежи се појави снимка од бизарен машки тоалет.
Имено, тоалетот е скриен зад двонасочно огледало кое однадвор изгледа како обична стаклена површина – совршено место за минувачите да си поправат фризурата или да нанесат кармин. Но одвнатре, мажите користат писоари и можат да видат сè што се случува надвор.
Звучи како снимка направена со вештачка интелигенција, но не е. Истата ја објави профилот „Internet Hall of Fame“ на платформата „X“ и за кратко време стана вирална. Инаку на снимката можат да се видат жени како несвесно стојат пред огледалото, додека од другата страна, ги гледаат мажи кои вршат нужда.
Корисниците се згрозени
Реакции? Шок, бес и прашања за разумот на оние кои воопшто го сметале овој дизајн за прифатлив. Коментарите се движат од „Ова е едноставно болно“ до „Некој овде треба итно да разговара со психијатар“. Многумина, исто така, посочија на поширокиот проблем на мизогинија и нарушувањето на приватноста, особено затоа што целата „инсталација“ е претставена како забавна атракција за сите.
Имено, директорот на паркот, Тават Јамкасем, изјави дека идејата била да се обезбеди забавно искуство за сите, објаснувајќи дека од надворешната страна се гледа само огледалото, додека внатре корисниците на тоалетот можат да уживаат во погледот надвор. „Забава, за кого точно?“ коментираа бројни корисници на „X“.
Инаку интересно е што оваа „иновација“ наводно постои од 2019 година, но дури сега стана вирална.
Коментари од мажи
Од друга страна, се огласија и бројни мажи кои не гледаат ништо лошо во овој бизарен тоалет.
Во коментарите има сè и сешто, од оние што се шегуваат, до оние кои пак се шегуваат дека „треба да се грижиме за жените на кои им се допаѓа да гледаат мажи како уринираат“.
Слични проблеми
Покрај ова двонасочно огледало, на социјалните мрежи се појавија фотографии од друг тоалет, но со уште побизарна глетка: над писоарот, јасно се гледа навалената силуета на женско тело, како некаков вид декорација. Корисниците со право се згрозени, и се прашуваат: „Кој точно во паркот мисли дека ова е забавно, смешно или нешто друго освен морничаво“ и „Во кој свет вакво уредување се смета за прифатливо?“.
Инаку овие случаи потсетуваат на сличен инцидент во Кина, каде што еден бар во Гуангжу во 2021 година исто така имал двојно огледало кое им дозволувало на мажите да ги гледаат жените во тоалетот. Тој додаток бил отстранет откако почнаа да добиваат негативни критики и бројни полициски извештаи за кршење на приватноста.