[ВИДЕО] Надреални сцени во Италија: Со багер пристигнал на преполна плажа

Точка

06/05/2025

22:16

3.300

Големина на фонт

а а а

Капачите во Остија во близина на Рим, во саботата биле пречекани од прилично надреална глетка – багер кој полека се движел меѓу пешкири и деца кои се играле. Еден од вчудовидените капачи успеал да го сними настанот.

Капетанијата на пристаништето, известена за настанот, ги проверува дозволите и управувањето со плажата, каде што во моментов нема рестриктивни мерки во врска со капењето.


Се разбира, багеристот требало да ја извршува работата, само надвор од времето наменето за капењето, кое треба да го регулира раководството на компанијата.

Во врска со инцидентот се огласија градската управа и капетанијата на пристаништето

Крајбрежната стража ја утврдува одговорноста, но веќе е потврдено дека багерот е еден од оние што учествуваат во работите за санација на плажата што ги спроведува локалната власт. Римската капетанија ги повика граѓаните веднаш да ги пријават во службите „сите отстапувања во врска со користењето на брегот со цел навремено да се применат полициските овластувања“.


Се чини дека инцидентот предизвикал големо внимание, поради што и градските власти се огласиле. „Она што се случи вчера на бесплатната плажа во Остија, што стана јавно преку видео објавено на социјалните мрежи, покренува легитимни прашања за начинот на кој се изведуваат одредени работи“, истакна раководителот на градската политика за недвижности и домување, Тобија Зеви.

„Тоа е природно живеалиште на багерите, луѓето му пречат“

„Неприфатливо е тешко возило да се движи меѓу капачи во сабота попладне без присуство на лице одговорно за безбедноста, без да се земат предвид ризиците поврзани со таков маневар. Безбедноста на луѓето е важна“, додаде тој.


„На виралното видео, за време на движењето на машината, може да се види присуството на двајца вработени кои го надгледувале безбедносниот простор потребен за возилото да го помине делот од плажата со намалена брзина, околу дваесет метри, што претходи на оградената област каде што моментално се складира работниот материјал“, се вели во соопштението на регионот Лацио.

Како што се очекуваше, коментарите на социјалните мрежи беа малку повесели. „Тоа е природно живеалиште на багерот. Луѓето не треба да бидат таму“; напиша еден корисник. „Кога ќе го замолиш татко ти да ти помогне да изградиш замок од песок“, додаде друг.