Минатата година поради стилот се откажала од седење, а секогаш знае да воодушеви со величествените фустани, детали и самодовербата која ја има на црвениот тепих.
Ако постои една славна личност на која секогаш можеме да сметаме дека на Мет гала ќе донесе гламур, дека ќе биде целосно облечена во склад со темата и ќе го одземе здивот, тогаш тоа е актерката Сара Џесика Паркер.
Додека ја толкуваше улогата на Кери Бредшо во „Сексот и градот“, таа стана своевидна модна икона, па додека приватно се облекува едноставно, на црвениот тепих е вистинска волшебничка.
Холивудската ѕвезда досега 12 пати прошетала пред Музејот на уметноста, а секогаш успевала да најде начин да изгледа поразлично од другите.
Како вистинска ветеранка на Мет гала, Паркер првпат присуствувала во 1995 година кога Ана Винтур ја презела организацијата. Тогаш за црвениот тепих избрала да носи едноставен, црн фустан.
Импресивна била во 2006 година кога се појавила во придружба на легендарниот Александар Меквин во негов кариран фустан кој бил во состав со темата „Традицијата и трансгресијата во британската мода“.
Таа оставила еднакво фантастичен впечаток и кога се појавила во црно-бел сатенски фустан во стилот на принцеза во текот на изложбата на Чарлс Џејмс во 2014 година.
Најмногу за нејзиниот стил се зборувало во текот на 2015 година кога темата на Мет гала била „Кина: Поглед во огледало“, но тогаш се нашла во средиштето на контроверзии. Актерката отишла предалеку во својата инспирација од Далечниот исток, па била обвинета за културна апсорпција, односно присвојување на туѓа култура заради атрактивен изглед.
Ѕвездата на „Сексот и градот“ носела аксесоар за глава од дизајнерот Филип Триси, а многумина ја критикувале тврдејќи дека го поддржува стереотипот за „жена-змеј“ којшто ги сексуализира жените во Кина и им дава лош имиџ.
И додека темите на облекување се менувале низ годините, Сара секогаш била на висина на задачата.
„Поминав многу време во разни неудобни и неконвенционални положби на седење во автомобил на пат до Мет гала за да ги испочитувам фустаните“, изјавила за „Vogue“ актерката.
Таа ја продолжила традицијата во 2024 година кога носела спектакуларен фустан инспириран од кафез за птици којшто го потпишува Ричард Квин. Темата на забавата била „Заспани убавици: Будење на модата“.