Што навистина сакате во сексот? Одговорете искрено на овие три прашања и дознајте повеќе за себеси

Точка

05/05/2025

19:04

1.552

Големина на фонт

а а а

Што навистина сакате во сексот? Можеби звучи како едноставно прашање, но одговорите често се сè освен едноставни. Сексуалноста не е нешто што доаѓа во однапред зададени форми. Напротив, таа се обликува преку нашите мисли, уверувања, воспитување, искуства и, често несвесно, правилата што сме ги усвоиле низ животот.

Токму затоа, како што истакнува сексуалната терапевтка Британи Лакур, за да разберете што ве возбудува, што ви пречи и што ве исполнува, важно е искрено да се запрашате: Што навистина сакам и зошто го сакам тоа?

Во тоа можат да ви помогнат три прашања, осмислени за да поттикнат подлабока рефлексија за вашите желби, внатрешни ограничувања и патот кон поавтентично и посвесно доживување на сопствената сексуалност.

1. Колку сте фокусирани на тоа што би можел/ла вашиот партнер да мисли за вас?

Ако одговорот е „воопшто не“, тоа е одлично. Но многумина, додека водат љубов, често размислуваат и се прашуваат:

• „Дали го правам тоа како што треба?“

• „Дали му/ѝ се допаѓа тоа што го правам?“

• „Дали му/ѝ се допаѓам?“.


Оценувањето и пресудувањето за себе во текот на сексот речиси секогаш влијае на задоволството. Ако тоа е случај и кај вас, Лакур препорачува да направите следново пред работите да станат поинтензивни:

• Три пати длабоко и полека вдишете (вдишување преку нос, издишување преку уста);

• Ставете ја раката на срцето;

• Кажете си дека се сакате себеси такви какви што сте и задржете го тој чувство за време на сексот.

2. Зошто го правите тоа што го правите во сексот?

Една од најчестите причини зошто луѓето одат кај сексуален терапевт се непишаните правила за секс – односно како луѓето ги доживуваат тие правила. Тоа се предрасуди како:

• „Мажите не сакаат да им даваат орален секс на жени“

• „Ако мажот не ејакулирал, значи не уживал“

• „Никогаш нема да се согласам на секс во тројка“

Крути ставови за сексот можат да ја нарушат врската. Ако сте заглавени во тоа како нешто треба да изгледа, тогаш најверојатно го пропуштате она што тоа искуство би можело да биде, ако само се опуштите.

Ако се препознавате во ова, можеби е време барем малку да попуштите едно од тие правила – како почеток.


3. Имате ли ваша сексуална личност?

„Јас сум про-сексуална. Еден ден ќе пробам сè во сексот“, рече Саманта во серијата „Сексот и градот“ (Sex And The City) и не без причина таа реченица остана запаметена.

Многу жени имаат замислена сексуална личност на која ѝ се придржуваат, без ни да бидат свесни за тоа. Нешто како: „Јас сум нежна девојка, таква сум и во сексот“.

Запрашајте се:

• Дали навистина ми се допаѓа таа етикета што си ја имам ставено?

• Зошто мислам дека морам јас да го привлечам мажот, зошто тој не би можел да ме привлече мене доволно за да му пријдам?

• Зошто би избегнувала интимност во првите денови на врска?.


И најважното: Дали сето тоа што си го наметнувам самата, ме спречува да уживам во моментот и искрено да изберам што, како и кого сакам? Ако одговорот е „да“, застанете за момент и размислете дали можете да се обидете да бидете она што навистина сте? Тоа можеби ќе изгледа тешко и ризично, но за добар секс обично се потребни храброст и доверба во себе.