[ФОТО] Езерото на Сонцето и Месечината: Волшебно место каде што Нова година се слави во август

Точка

05/05/2025

20:41

968

Големина на фонт

а а а

Сместено во срцето на Тајван, езерото на Сонцето и Месечината (Sun Moon Lake) неуморно ги инспирира љубопитните странци и домашните посетители. Неговата мирна, тиркизна вода инспирирала многу антички поети и сликари, особено во рана пролет кога цветаат црешите во близина на езерото.

Источната страна на езерото е тркалезна како сонце, додека западната страна е вдлабната како полумесечина.


Покрај тоа, ова е и најголемата водна површина во Тајван. Жителите тврдат дека езерото е природно олицетворение на јин и јанг, таоистичкиот концепт на спротивставени сили кои се надополнуваат едни со други, а за многумина има и духовно значење. Иако убавината на езерото е главната атракција, целата област е исклучително живописна и претставува почетна точка за истражување на минатото и културата на Тајван.


Островот Лалу

На бреговите на езерото живее племето Тао, најмалата домородна етничка група во Тајван. Во средината на езерото се наоѓа островчето Лалу, кое се смета за дом на духовите на нивните предци.


Инаку племето морало да го напушти островот поради изградба на електраната за време на јапонската окупација, а потоа во 1999 година се случил силен земјотрес кој го уништил нивниот храм. Како дел од реставрацијата, властите засадиле дрвја кои имаат свето значење за племето Тао.


Нова година

Годишниот фестивал на жетва во август, најважниот фестивал во културата на народот Тао, го означува почетокот на нивната Нова година. Таа вечер, локалното население изведува традиционална „музика со толчник“, создавајќи ритмички звуци користејќи дрвени толчници и камења од различни големини. Пиењето, јадењето, пеењето и танцувањето се неопходни делови од нивната прослава, а Новата година се слави околу две недели.


Свети места

Светите градби во овој дел од Тајван се совршен пример за религиозна разновидност – од конфучијанскиот храм Венву, кој ја прикажува раскошната севернокинеска архитектура, до Христовата црква, чија архитектура е инспирирана од римскиот стил. Исто така, можат да се пронајдат места каде што живеат будизмот и анимизмот.


Изобилство на природата

Езерото на Сонцето и Месечината е дом на многу видови слатководни риби и школки, додека околните полиња изобилуваат со црн чај, печурки, сливи и орхидеи.


Рибарството и земјоделството, заедно со туризмот, се главните економски гранки на оваа област, а посетителите можат да пробаат богато зачинета пржена риба, како и риба маринирана во вино.