Триото Ѓоргиовски- Ефремов- Прленда го носеше Макептрол до победа во дуелот со Атлантик Груп

Точка

30/04/2025

10:34

143

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Триото Ѓоргиовски- Ефремов- Прленда го носеше Макептрол до победа во дуелот со Атлантик Груп

Макпетрол 13-3(7-1) Атлантик Груп

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 1” 11”, Никола Секуловски 7” 29”, Боце Ефремов 13” 14” 34”, Виктор Донвески 19”, Небојша Прленда 20” 37” 38”, Ариан Бела 21” Блаже Тодоровски 22”

Атлантик Груп: Далибор Тасевски 6”, Горан Огњановски 33”, Благојче Стојановски 40”

Екипата на Макпетрол во висок ритам го отоври натпреварот против екипата на Атлантик Груп. Во самиот старт уште во раната фаза во првата минута Макпетрол поведе преку Ѓоргиевски со 1-0. По само пет минути игра Тасевски кај Атлантик Груп успеа да израмни на 1-1. Макептрол во тие моменти заигра офанзивно, со чести измени држеше висок ритам кој Атлантик Груп неможеше да го прати, па Макпетрол од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот на полувремето изнесуваше високи 7-1.

Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп со голман-играч се обиде да ја анулира предноста која Макпетрол ја стекна во првото полувреме, но Макпетрол не дозволи изненадување, продолжи со одлична реализација да го зголемува водството кое на крајот изнесуваше 14-3

Петкоски со четири гола ја водеше Халк Банка до победа во дуелот со Корпа

Корпа 5-7(1-3) Халк Банка

Корпа: Никола Спасовски 13” 26” 38”, Љубомир Трповски 33”, Александар Ванчески 40”

Халк Банка: Дарко Крстевски 13” 19”, Алпер Тахир 14”, Дејан Петкоски 21” 24” 35” 37”

Крајно тврд и неизвесен натпревар одиграа екипите на Корпа и Халк Банка. Во првата фаза од првото полувреме се играше одлична одбрана и на двете страни, екипите не дозволуваа да се стигне лесно до позиција за гол. Прва до водство дојде екипата на Корпа во 13” преку Спасовски, но Крстевски кај Халк Банка по неполна минута израмни на 1-1. Во тие моменти Халк Банка ја превзеде иницијативата и до крајот на полувремето имаше водство од 1-3.

Во второто полувреме кај Халк Банка проработе Петкоски кој одигра маестрален натпревар и постигна дури 4 гола за едно полувреме со што Халк Банка направи резултатска предност. Во самата заврпница екипата на Корпа со неколку одлични акции успеа резултатски да се приближи, но времето беше сојузник на Халк Банка, па Халк Банка славеше на овој натпревар со резултат 7-5.

Стевсковски со гол во последната минута и донесе победа на Аџибадем Систина во дуелот со Glass LUX

Glass LUX 5-6(1-4) Аџибадем Систина

Glass LUX: Далибор Костовски 15”, Мартин Цветковски 21”, Филип Стајковиќ 22”, Александар Ристовски 24”, Давид Блаќевски 37”, Диме Стефков 39”

Аџибадем Систина: Кристијан Димовски 6”, Дамјан Јовчевски 9” 14”, Бошковски Златко 39”, Диме Стевсковски 13” 40”

Во првата половина од натпреварот помеѓу Glass LUX и Аџибадем Систина, иницијативата ја имаше Аџибадем Систина која со одлично одработени напади успеваше да стигне до изгледни шанси за гол. Ваквите шанси Аџибвадем Систина успеа да ги претвори во гол и во самиот финиш од полувремето да стигне до 0-4. Во тие моменти кај Glass LUX проработе Костовски кој намали на 1-4.

Второто полувреме беше дијаметрално спротивно. Екипата на Glass LUX со колективна игра и висок ритам успеа да дојде до израмнет резултат 5-5 буквално во последната минута од овој натпревар. Во тие моменти, во последната минута кај Аџибадем Систина проработе Стевсковски кој постигна победоносен гол и со тоа и донесе победа на Аџибадем Систина од 5-6.