Ливерпул ја потврди дваесеттата премиерлигашка титула со триумфот против Тотенхем во неделата, но Федерико Киеза и натаму виси во однос на добивањето на шампионскиот медал.
Италијанецот сезонава одигра само 37 минути, распоредени на четири натпревари во Премиер лигата, а правилата се дека мора да има барем пет настапи за да добие медал како член на новиот англиски шампион.
Она што сепак оди во прилог на Киеза е фактот што „црвените“ имаат уште четири натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата, па со потврдена титула, веројатно и менаџерот Арне Слот ќе им даде шанса и на фудбалерите кои имаа помала минутажа во текот на сезоната.
Очекуваниот медал за Киеза откри и интересен факт, а тоа е дека единствениот Италијанец кој станал англиски шампион е Марио Балотели и тоа во сезоната 2011/12. Напаѓачот тогаш ја освои титулата со Манчестер Сити, за повеќе од деценија подоцна да се чека на Киеза за да ја прекине долгата пауза и да биде само втор Италијанец на овој список.
Претходно, блиску до такво нешто биле и Таиби, Македа и Борини, но или немале доволно настапи или ја напуштиле шампионската екипа во вториот дел од сезоната.
Од друга страна, дури четворица тренери ја освоиле Премиер лигата, а тоа се Карло Анчелоти, Роберто Манчини, Клаудио Раниери и Антонио Конте.