Јанис му одржа лекција на провокаторот Халибартон, неговиот прес стана топ тема во Америка

Дерби

30/04/2025

13:00

666

Големина на фонт

а а а

Таткото на Тајрис Халибартон, Џон Халибартон покажа најниско ниво на спортска култура по крајот на натпреварот меѓу Индијана и Милвоки, бидејќи победата на неговиот син ја славеше со провокации и извици пред најголемата ѕвезда на Бакси.

Популарниот „Грик Фрик“ не остана рамнодушен и влезе во клинч со таткото на својот колега од противничката страна, па иако во дадената ситуација не дојде до посериозен инцидент, вреди да се издвои и обраќањето кое го имаше Јанис на прес-конференцијата.

Главната ѕвезда на Милвоки реши да му одржи лекција на Халибартон Сениор преку зборови од прес-центарот, а неговото излагање брзо стана доста споделувано во Америка.

– Она што ќе го кажам е следно: Треба да останете скромен во победата, барем така сум учен јас. Има многу кои сметаат дека треба да зборуваш кога победуваш, дека тоа е зелено светло да покажеш непочитување кон друг, но јас не сум склон кон таа култура. Јас не се согласувам со тоа. Јас имам освоено НБА прстен, тие немаат. Тоа не докажува ништо, не се обидувам да ја намалам вредноста на нивната победа, но кога јас победував, мојата мајка се срамеше да влезе на паркетот и да ми честита за титулата. Се плашеше да премине од трибината на теренот и прашуваше дали и е дозволено да се најде доле за да го прегрне својот син.

– Моето семејство никогаш не е блиску до теренот, се обидувам да го држам моето семејство подалеку од тоа што се случува доле на теренот. Да бидам искрен, во прв момент сметав дека добива провокација од фан на Индијана, но потоа сфатив дека тоа е таткото на Тајрис Халибартон. Го обожавам Тајрис, тој е одличен натпреварувач, но неговиот татко покажа огромно непочитување, – изјави Јанис, кој потоа се осврна кон животните лекции кои ги добил од својот татко Чарлс, кој за жал повеќе не е дел од овој свет.

– Мојот татко не е веќе меѓу нас, но кога тој се враќаше дома, беше најпочитувана личност од сите. Тоа беше така бидејќи тој ги почитуваше сите. Целиот свој живот работел и продавал работи на улица, целиот живот се плашел да не биде фатен од полицијата и депортиран во земјата од која дошол. Јас пораснав со менталитет да бидам скромен и да ги почитувам сите, пораснав во такво опкружување и тоа се вредностите по кои се водам, – изјави Адетокумбо.

Милвоки рано утрово загуби „добиен меч“ против Индијана и во драматична завршница беше поразен со 119:118, а страстите зовреа во ситуација кога Бакси доживеаја елиминација, односно домаќините се пласираа во наредната плеј-оф рунда.