Фудбалот честопати ги пишува најневеројатните приказни, но оваа им припаѓа на оние што можат да се наречат чиста мистерија. Главната улога ја играат римските папи и англиските клубови.
Три пати во историјата, кога папата починал, клуб од Англија, таа сезона ја освоил титулата во Лигата на шампионите.
Папата Франциск почина на 21 април годинава.
Дали е случајност, судбина или нешто друго? Да ја погледнеме хронологијата.
1978 година. Папата Павле VI почина во август
Таа сезона, Нотингем Форест ја освои својата прва од двете титули во Купот на европските шампиони. „Шумарите“ во финалето го победија Малме со 1:0.
2005 година
Почина папата Јован Павле Втори, еден од најомилените поглавари на римо-католичката црква во модерната историја.
Само неколку месеци подоцна, Ливерпул направи чудесен пресврт во финалето против Милан во Истанбул, од 0:3 дојде до 3:3, а потоа по изведувањето пенали ја освои Лигата на шампионите.
2022 година
Папата Бенедикт XVI (кој формално абдицираше во 2013 година)почина на 31 декември 2022 година.
Во сезоната 2022/23, Манчестер сити ја освои својата прва титула со победата 1:0 над Интер.
Случајност или судбина?
Оваа сезона, единствениот преостанат англиски клуб во елитното натпреварување е Арсенал, кој ќе го пречека ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето во вторник.