Инѕаги ги издвои сите силни страни на Барселона, но порача: Не се плашиме од нив

Дерби

30/04/2025

11:14

317

Големина на фонт

а а а

Симоне Инѕаги е свесен дека неговиот тим вечерва можеби ќе го има и најголемиот предизвик од стартот на сезоната, бидејќи Интер ќе гостување на исклучително разигран тим, кој во саботата оствари и голем успех со титулата во Копа дел Реј.

Во ситуацијата кога двата тима влегуваат во полуфиналето со крајно различни расположенија, Инѕаги и натаму верува во карактерот и желбата на своите фудбалери, во кои има максимална доверба и покрај трите шокантни порази во низа во период од само една недела.

– Цела сезона е голем предизвик за нас и сега сме пред едно полуфинале во Лигата на шампиони. Мора да има голем ентузијазам, го студиравме натпреварот со Барселона и изгледавме многу видеа. После четири години во кои се натпреваруваме секој ден, никогаш нема да кажам лош збор за моите играчи и за Интер како клуб.

– Една лоша недела не може да поништи четири години напорна работа. Знаеме дека мораме да бидеме подобри од последните три натпревари, знаеме каде треба да се поправиме. Анализиравме што ни се случи на последниот меч со Рома, но нема никогаш да давам критики за овие момци, – изјави Инѕаги, кој потоа се осврна на Барселона.

– Барселона е неверојатен тим кој има извонреден тренер. Со Ханси Флик како лидер, Барселона ја напаѓа топката веднаш откако ќе ја загуби. Барса стана еден од најорганизираните тимови во светот, имаа добра конструкција со голем број играчи од Ла Масија. Постигнаа повеќе од 150 голови оваа сезона, веќе освоија две титули и сигурно ќе се борат за сите до крајот на сезоната. Сепак, тоа не го обезбвреднува нашиот труд. Ние влегуваме без страв во двомечот со нив и свесни сме во квалитетите кои ги поседуваме.

– Имаме максимална почит за Барселона, но не се плашиме од нив. Имаме извонреден пат и ќе излеземе на теренот во најдобро светло, сакаме да го прикажеме како најдобриот Интер. Мора да дадеме се што имаме како што беше против Баерн, работевме многу на видео анализа и очекуваме тоа што го работевме да го спроведеме на терен, – изјави Инѕаги.