Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Макфакс

30/04/2025

11:11

215

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.

Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.

Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.

„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.

Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.

32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.