Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Во дерби натпревар екипите на ЈСП и ТАВ ги поделија бодовите
ЈСП 4-4(3-1) ТАВ
ЈСП: Љупчо Павловиќ 2’ 16’ Тихо Фидановски 14’ 36’
ТАВ: Сеат Демири 7’ 34’ 34’ Алмир Имери 37’
Одличен почеток за екипата на ЈСП во дуелот со ТАВ, тие уште во раната фаза од полувремето во 2та минута со погодокот на Павловиќ. Екипата на ТАВ по ова рано водство успеа да дојде до израмнување во 7та минута со погодокот на Демири и ја врати неизвесноста во дуелот. Сепак во ова прво полувреме екипата на ЈСП имаше подобра реализација и со погодоци во 14та и 16та минута успеа да створи предност од 3-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се разгореа страсите екипата на ТАВ успеа до минута во минута да го намалува резултатот па во 34та минута успеа да дојде до израмнување на 3-3 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 4-4 екипите ги поделија бодовите.
Матрикс со пресврт во второто полувреме до победа над Кромберг & Шуберт
Матрикс 4-2(0-1) Кромберг & Шуберт
Матрикс: Ивица Алампиоски 29’ Тони Брњарчевски 24’ 40’ Даниел Боневски 22’
Кромберг & Шуберт: Зоран Талевски 38’ Ице Марковски 14’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Кромберг & Шуберт, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Од самиот старт се играше отворен фудбал во високо темпо, екипата на Кромберг & Шуберт успеа да го отвори резултатот во 14та минута со одличен погодок на Марковски. По оваа негатива екипата на Матрикс започна со силен притисок во предно поле, но Кромберг & Шуберт со одлично поставена одбрана не дозволуваше лесен погодок. Па на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт замина со минимална предност од 0-1. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да дојде до израмнување на резултатот во 22та минута со погодокот на Боневски, а две минути подоцна преку Брњарчевски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Екипата на Кромберг & Шуберт започна со поофанзивна игра, но подзаборави на одбраната што Матрикс вешто го искористи за зголемување на водството на 3-1. До крајот на натпреварот Кромберг & Шуберт го користеше својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот но Матрикс не дозволи изненадување па на пракот од овој дуел славеше со 4-2.
Јовчевски ја водеше Окта до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Фабрика Карпош – ГИМ 4-8(0-3) Окта
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 27’ 29’ 40’ Јован Јанковски 37’
Окта: Живко Котевски 8’ 34’ Александар Јовчевски 13’ 21’ 30’ Владислав Илиќ 6’ Иван Мицевски 24’ 28’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Окта. Екипата на Окта со одлична игра во ова полувреме прва го отвори резултатот во 6та минута од полувремето со погодокот на Илиќ, ова и даде дополнителна мотивација на екипата која до средината на полувремето успеа да дојде до солидна предност од 0-3. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со цврста и брза игра започна со силен притисок кон голот на Окта но изостануваше завршница. Екипата на Окта до крајот од полувремето не дозволи Фабрика Карпош – ГИМ да има лесна реализација па на паузата замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но екипата на Окта имаше своја вечер и не дозволуваше противникот резултатски да се врати во натпреварот. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски и Јанковски успеа да ја намали резултатската негатива но Окта не дозволи изненадување па на крајот од овој дуел слваше со 4-8.
Во драматична завршница ЕЛЕМ и УНИКА ги поделија бодовите
ЕЛЕМ 8-8(4-3) УНИКА
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 9’ 20’ Душан Спасеноски 15’ 28’ Димче Димитријески 13’ 33’ Дони Кадриу 25’ 26’
УНИКА: Арбен Нухиу 30’ Аднан Лимани 8’ 23’ 37’ Беким Љута 18’ 38’ Рони Адеми 5’ 27’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и ЕЛЕМ, двете екипи од самиот почеток започнаа со отворен фудбал што се одрази и на резултатот. Екипата на УНИКА прва успеа да го отвори натпреварот со погодокот на Адеми на кој му се приклучи и Лимани за водство од 0-2. Екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови па со погодоците на Ковачевиќ и Димитријески успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Екипата на ЕЛЕМ продолжи со одличната игра па преку Спасеноски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол па на паузата се замина со резултат од 4-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична игра, се играше гол за гол но екипата на ЕЛЕМ беше таа која успеваше да ја чува предноста на своја страна. Екипата на УНИКА во завршницата на овој натпревар успеа да дојде на само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во вакавата драматична завршница екипата на УНИКА успеа да го израмни резултатот па на крајот од овој натпревар екипите ги поделија бодовите.