Ливерпул во неделата ја прослави јубилејната 20-та титула во Премиер лигата и уште пред натпреварот се беше подготвено за шампионска фешта на „Енфилд Роуд“, но истовремено и надвор од стадионот со оглед на тоа што огромен број на фанови не успеаја да влезат на трибините.
Избраниците на Арне Слот си ја завршија својата работа и со победа од 5:1 го заверија 20-от трофеј во англиската елита, па иако титулата донесе многу емоции и уникатна изведа на „You’ll Never Walk Alone“, имаше и неколку неочекувани ситуации кои привлекоа внимание на јавноста.
The Everton fan who’s sold all the “red” smoke bombs is having a field day 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/91Y6Va3tDC
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) April 27, 2025
Имено, покрај црвениот дим на трибините, на одредени места се појави и син дим кој е синоним за Евертон, а зад целата приказна се крие еден неверојатно лукав фан на „карамелите“.
Според сторијата која ја пренесоа англиските медиуми, навивачот на Евертон купил 10 илјади сини факели кои испуштаат син чад уште во месец март, а во последните четири недели почнал да ги продава откако ги прелепил сините етикети со црвени.
Тоа примамило огромен број навивачи на Ливерпул да си купат факел за шампионската прослава, но дури на „Енфилд Роуд“ и пред стадионот сфатија дека биле измамени, или добро саботирани во дадената ситуација.