„Марка“: Перез и Реал Мадрид го одбрале најважното засилување за следната сезона

Дерби

29/04/2025

12:22

663

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид порано од посакуваното го заврши настапот во Лигата на шампионите, а двомечот со Арсенал ќе има и дополнително влијание врз иднината на „кралскиот клуб“.

„Марка“ денеска објави дека Флорентино Перез веќе го одредил најважното засилување за следната сезона и инсистира Реал по секоја цена да го добие Вилијам Салиба.

Францускиот дефанзивец е проектиран како нов лидер на одбраната на Реал и шпанскиот великан веројатно нема да чека долго за да стапи во контакт со агентите на Салиба, за да ја испита и ситуацијата од која би можел да се реализира трансфер во текот на летото.

Честите повреди на многу клучни играчи во одбраната му создадоа многу проблеми на Реал сезонава, па јасно беше дека на „Бернабеу“ ќе пристигне најмалку еден стопер, а Салиба е „планот А“ кој Реал ќе се обиде да го реализира уште во јуни.

Договорот на Французинот со „топчиите“ истекува во 2027 година.