Реал Мадрид во саботата доживеа уште едно разочарување, претрпувајќи пораз во финалето на Купот од големиот ривал Барселона, а она што се случуваше во финалето и општо го карактеризира Реал сезонава, останува актуелна тема во медиумите.
Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал, Хорхе Валдано, редовно ги коментира случувањата околу Реал за „Мовистар +“, а по финалето во Севилја, Аргентинецот испратил критики на сметка на „кралскиот клуб“.
– Барселона не знаеше што да очекува од оваа сезона, пред се поради фактот што Реал ја освои Лигата на шампионите и Ла Лига, а потоа го ангажираше и Килијан Мбапе, што сигурно е важно во смисла на дополнително охрабрување и мотивација за „белите“.
– Во Реал Мадрид како да помислија „Освоивме сè што требаше без Мбапе, со него ќе освоиме и без трчање“.
– И сметам дека Барселона профитираше од различниот пристап, рекоа или ќе се разбудиме, ќе трчаме и ќе се жртвуваме или на крајот ќе излеземе како губитници. На крајот го видовме резултатот. Од една страна имавме тим кој го даде максимумот на теренот, а од друга Реал кој имаше толку падови и подеми во април, што не можеше да го погоди тимот и на крај остана со празни раце, – рекол Валдано.