Ѓоковиќ го откажа настапот во Рим

Макфакс

29/04/2025

22:42

198

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ 18 пати учествувал на овој Мастерс, 12 пати играл во финалето, освоил шест титули.

„Новак Ѓоковиќ објави дека нема да учествува на турнирот во Рим. Се гледаме следната година, Ноле“, пишува на социјалните мрежи на Мастерсот во Рима.

Во Монте Карло и Мадрид, Ѓоковиќ беше елиминиран во првите натпревари, од Алехандро Табило и Матео Арналди, и се очекуваше дека ќе се обиде да ја врати формата пред Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, на неговиот најуспешен Мастерс на земјена подлога.

Се уште не е познато зошто Ѓоковиќ го откажа од настапот во Рима. Ќе видиме дали е повреда во прашање и какви се идните планови на Новак, но од 2007 година, Ѓоковиќ никогаш не го пропуштил Мастерсот во Рим.

Оваа сезона, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на Австралија Опен, но на четири од последните пет турнири беше елиминиран во своите први натпревари, иако играше и во финалето на Мајами.