Мартинез: Реал спадна на ниво кое не доликува на големината на клубот!

Дерби

28/04/2025

11:18

200

Големина на фонт

а а а

Ињиго Мартинез се претвори во незаменлив стопер во ротацијата на Ханси Флик и има сезона од сонишата како лидер во одбраната на Барселона, а како играч кој беше клучен фактор за низа „офајсд замки“ против Реал во финалето во Севилја, искусниот стопер привлече внимание и со изјавата која ја даде после големата победа.

Некогашниот играч на Атлетик Билбао очигледно не остана импресиониран од целата увертира која ја режираше Реал Мадрид како клуб пред финалето во Копа дел Реј, започнувајќи со бојкотирање на сите случувања пред натпрварот, а продолжувајќи со притисокот кој го извршија врз делегираните судии.

Иако Реал се закануваше дека нема да излезе на терен, на крајот донесе конечна одлука да ги испочитува вредностите на фудбалот и да се појави на „Ла Картуха“, но откако Барселона по голема драма славеше со 3:2, убедливо најдрската порака за „кралевите“ ја испрати токму Мартинез.

– По натпреварот му честитав на судијата и на неговите колеги кои беа на навистина високо ниво. Навистина се надевам дека сите можеме да се ставиме во нивна позиција, бидејќи нивото кое се достигна е навистина нефер. Сите правиме грешки во животот, никој не сака да се најде во ситуација во каква се најдоа судиите.

– Тоа што го направи Реал не доликува на големината која ја има таков клуб, едноставно тоа е моето мислење. Не е лесно да дојдете на едно финале и сите да го вперуваат прстот кон вас. Токму поради тоа посебно му честитав на Бенгочеа по натпреварот. Сите правиме грешки, а најважно е што ова финале повторно покажа дека победува фудбалот, – изјави Мартинез.