[ВИДЕО] Белингам беснееше на судијата, па не го испочитува фер-плеј потегот од ѕвездите на Барса

Дерби

27/04/2025

18:41

1.199

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам беше еден од најнервозните и најбесните играчи на Реал Мадрид уште додека траеше натпреварот против Барселона, а тоа остана така и по последниот судиски свиреж.

Англичанецот не го криеше разочарувањето и се истакна со негодувања и одмавнувања со глава, но медиумите посебно внимание посветија на два моменти, и тоа еден од полувремето и еден од церемонијата пред да бидат доделени медалите.

Белингам најпрво беснееше на судијата Бенгочеа додека се упатуваше кон соблекувална по крајот на првиот дел, порачувајќи дека главниот арбитар е јасно наклонет кон противникот и дека ги суди во корист на каталонците сите дуели кои се „50-50“.

Нервозата од првиот дел ја пренамени во позитивна енергија во второто полувреме во кое беше еден од најдобрите играчи на Реал, но откако неговиот тим сепак загуби во продолжението, повторно имаше огромни забелешки за арбитарот.

Белингам на крајот беше еден од тројцата играчи на Реал кои заработија црвени картони (покрај Васкез и Ридигер), но и единствениот фудбалер кој не го испочитува фер-плеј потегот од ѕвездите на Барса.

Играчите на Барселона режираа шпалир и го отпоздравија големиот ривал во финалето, но додека сите фудбалери се поздравуваа со ривалите, Белингам одби ракување со било кој играч од противничкиот табор.