Тудор за играчот кој направи глупост пред двата најважни натпревари за Јуве: Ретко се наоѓа таков талент

Дерби

28/04/2025

11:24

444

Големина на фонт

а а а

Јувентус се врати во победнички ритам по поразот од Парма и вчера на домашен терен ја победи Монца, но фановите во Торино не можеа целосно да се израдуваат на трите бода, пред се поради наивниот потег на Кенан Јилдиз.

Фудбалерот кој прерасна во еден од најдобрите под водство на Игор Тудор направи глупост и се самоисклучи пред крајот на првиот дел, или поточно заработи директен црвен картон поради удирање со лакт.

Поради покажаната агресија, протоколот на Серија А вели дека ќе заработи казна од најмалку два меча, а тоа значи дека Јувентус нема да може да смета на Јилдиз на натпреварите против директните ривали за Европа и Лига на шампиони, Болоња и Лацио.

– Навистина жалам што останува без Кенан, бидејќи пред да дојдам, го загубивме и Гати. Од друга страна, Копмајнерс се уште се мачи со проблемот со својата тетива.

– Кенан е играч од светска класа, само играчи кои посебен и редок талент можат да играат на позиција на која игра тој. Такви таленти како него се ретки и сега ќе мора да пронајдеме нешто без него. Играме натпревари против директни ривали и не можеме да чекаме потег од нив, мора да ги искористиме нашите шанси и да покажеме кои сме. Мора да влеземе на тие натпревари со овој менталитет, – изјави Тудор.