Суперкомпјутерот на Опта го издвои главниот фаворит за титулата во ЛШ

Дерби

28/04/2025

13:37

701

Големина на фонт

а а а

Топ 5 лигите во Европа полека добиваат своја разрешница и Ливерпул вчера стана вториот сигурен национален шампион после ПСЖ, но во меѓувреме, фановите со огромно нетрпение го чекаат и она што следи, односно полуфиналната разврска во Лигата на шампиони.

Најелитниот европски фудбал продолжува оваа недела со првите полуфинални пресметки во Лондон и Барселона, а пред да дојдат на ред најавите од самите актери на двата натпревари, Опта ја стави во фокусот анализата и прогнозата на својот суперкомпјутер.

Компанијата за спортка аналитика често привлекува огромно внимание со своите прогнози, со тоа што овојпат најмногу шанси за славје во финалето во Минхен му дава на единствениот англиски претставник во полуфиналето.

Според Опта, Арсенал има 31,3 проценти шанси да излезе како победник за првпат во историјата во Лигата на шампионите, а втор тим кој котира навистина високо е Барселона.

Новиот освојувач на Копа дел Реј добива 27,4 проценти шанси од компјутерот на Опта за највисок пласман во Европа, по што следат ПСЖ и Интер.

Францускиот првак добива точно 22 проценти шанси за триумф, а после големиот пад во формата и трите порази во низа, Интер добива само 19,2 проценти шанси за успех во финалето во ЛШ.