Телевизијата на Реал пред финалето со Барселона „удри“ по судијата Бенгоечеа

Макфакс

25/04/2025

12:21

309

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона.

На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа.

Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога гореспоменатиот судија ја делел правдата на натпреварите на „Бланкосите“. Во коментарот се потенцира дека Бенгоечеа секогаш судел против Реал.

„Тој е човек на кого ФИФА и УЕФА никогаш сериозно не сметале. Но, во Шпанија, да. Надвор од нашата земја, тој е неважен судија, но и покрај ова, тој ќени суди трет пат во финалните натпревари против Барселона, по Суперкуповите во 2017 и 2023 година“, објаснува видеото.

Клипот продолжува со споредување на процентите на победи на Реал Мадрид и Барселона кога суди Бенгоечеа. Реал има забележано 64 проценти, а Барселона 81 процент од победите во натпреварите што ги судел баскиски судија, а во видеото се споменува и дека Бенгоечеа е „човекот што ја работи работата“ на Луис Медина Канталехо и Карлос Клос Гомес, моменталните шефови на судиите во Шпанија.

Во видеото се дискутира и за ситуацијата од последното „Мадрилењо“ во првенството и пеналот досуден за Атлетико.

„Неверојатно е што процени во таа акција. Само двапати ги погледна снимките од ВАР, и тоа од агли од кои не може јасно да се види што се случило. Така изгубивме два бода.“

Од Реал потсетуваат дека Бенгоечеа не го санкциониран играчот на Еспањол кога му удрил шамар на Фран Гарсија, како и дека на средбата од минатата сезона помеѓу Хетафе и Реал „не досуди два чисти пенали по прекршоците врз Винисиус и Браим Дијас, ниту пак ги исклучи играчите на Хетафе од игра по острите стартови“.

Клипот заврши со контроверзни ситуации од натпреварот Севилја – Реал, кога Рикардо Де Бургос на реал му поништи два гола во рок од девет минути, првиот на Џуд Белингам поради офсајд, а „потоа го запре контранападот кога му рече на Лукас Окампос да стане. Исто така не досуди пенал по стартот на Хесус Навас над Винисиус кон крајот на првото полувреме“, се жалат од Реал.