Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, сè уште не може да ги контролира емоциите по поразот од Анадолу Ефес (76:79).
Ефес направи брејк во „ОАКА“ и со 1:1 влегува во третиот натпревар на домашен терен во Истанбул.
Јанакопулос, не го прими добро овој неуспех, на неговиот тим. Нескротливиот гнев на сопственикот на Панатинаикос беше насочен кон Дејан Бодирога, претседателот на Евролигата, како и кон судиите. Јанакопулос „грмеше“ во камерата и се закани дека ќе ја напушти Евролигата.
„Во Грција има една изрека: „кога си фин, луѓето мислат дека си слаб“. Ние не сме слаби, верувајте ни, ние сме посилни од сите вас заедно. Погледнете нѐ. Го сакаш мојот потпис за следните 10 години? Еве го мојот потпис за следните 10 години. Играме сами во Евролигата. Одиме во НБА или одиме во ФИБА“, рече Јанакопулос.
Ги спомна Сретен Радовиќ, Илија Белошевиќ, Дамир Јавор, Саша Пукл, Урош Николиќ, Томислав Хордов.
Тој беше лут и поради победата на Олимпијакос, најголемиот ривал, над Реал Мадрид во Атина.
„Навистина не разбирам, клуб како Реал Мадрид, со толку многу историја, најмногу титули во Евролигата е прифатен еб..о лошо. .Браво, Дејан (Бодирога)“, рече Јанакопулос, меѓу другото.