Капело би задржал само седум играчи во Милан

Макфакс

25/04/2025

18:04

549

Големина на фонт

а а а

Легендарниот тренер Фабио Капело, верува дека Милан има добра основа за следната сезона и дека со две или три здрави засилувања, тимот може да се надева на врвни резултати.

Росонерите неодамна стигнаа до финалето на Купот елиминирајќи го Интер во големото дерби со 3:0, но моментално се на скроното деветто место во Серија А.

Во колумна за весникот „Ла Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Милан го оцени квалитетот на сегашниот тим.

„Клучот за иднината на Милан е да се доведат двајца или тројца врвни играчи кои би направиле разлика. Нема потреба од целосна револуција. Само неколку од нив, можеби играч од средниот ред, десен бек или крилен напаѓач кој може да има големо влијание.

Моменталната база на тимот е добра, но ова е она што фрустрираше: Дали Милан што го видовме во дербито е вистинскиот, и зошто толку долго време му беше потребно за да се покаже? Мора да почнеме од играчите кои моментално се во клубот и да процениме колку вредат. Милан е во голема конфузија оваа сезона, а играчите кои се истакнаа се Рејндерс, Пулишиќ и Фофана.

Видов голема посветеност кај Павловиќ. Бев изненаден што Томори беше турнат во втор план. Кога гледам како играше во дербито, ме изненадува што не беше во преден план порано.

Гледам дека Леао конечно е „гладен“. Ако игра со 80% од својот потенцијал, ќе биде незапирлив. Но, честопати се ограничува на 40%.

Би го задржал Мењан, тешко е да се најде подобар голман без да се потрошат многу пари. Пулишиќ носи квалитет и конзистентност, совршено се вклопува во Милан“, ја заврши Капело својата елаборација.