Јокиќ го дочекаа „коњски глави“ во Лос Анџелес, тренерот порача: Кул е…

Дерби

25/04/2025

13:25

814

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Клиперс го разби Денвер Нагетс со 117:83 во третиот натпревар од плејоф серијата на Западот.

Домашните кошаркари беа сигурни и доминатни пред своите гледачи и заслужено водат со 2-1 во оваа пресметка. Плејоф пресметките знаат да бидат жестоки, специфични, да има провокации, па така овојпат гостите ги дочекаа „коњски глави“.

Навивачите на Клиперс носеа плишани глави од коњи, како знак на провокација за Никола Јокиќ кој е познат како љубител на коњи. Србинот го заврши дуелот со трипл-дабл и не може да се каже дека ова влијаеше на него, но Нагетс беше изгубен на овој меч и ќе мора да поправи многу работи ако сака да дојде до брејк во Калифорнија.

Тренерот на Денвер, Дејвид Аделман беше запрашан за овој потег на Клиперс и за него нема ништо спорно и гледа како момент за екстра мотивација на неговите играчи.

- Она што го направија навивачите на Клиперс може да биде дополнителен мотивирачки фактор. Мислам дека она што се обидуваат да го направат е навистина уникатно. Навистина ми се допаѓа, кул е.

- Знам дека некои луѓе се вознемирија затоа што споменав „засилување на звукот“, но едноставно е навистина гласно. Ми се допаѓа што прават тука. На НБА ѝ треба повеќе од тоа – повеќе креативност. Ми недостига таа атмосфера и ќе биде убаво да бидам дел од неа, - истакна Аделман.