Бруно Гимареш е еден од играчите лидери во редовите на премиерлигашот Њукасл кој оваа сезона успеа да дојде до трофејот во англискиот Лига Куп, а до крајот ќе направи се за да остане на Топ 5 во Премиер лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2025/2026.
Бразилецот е во најдобрите фудбалски години, но и досега има собрано големо искуство настапувајќи како во својата татковина така и во Франција, Англија, а редовно е дел од националниот тим.
Токму играчот од средината на теренот доби интересно прашање на тема кој за него е „GOAT“ (најголем на сите времиња), а тој користејќи го своето искуство порача:
– Играв против Меси, Роналдо, Нејмар…го бирам Меси, - порача Бруно за „ТНТ Спортс“