Романската спринтерка Марија Михалаче (22) го сруши националниот рекорд на 60 метри стар цели 29 години, а во слободно време блеска како манекенка – што ја прави навистина уникатна фигура во светот на атлетиката.
22-годишната Марија стана вистинска сензација не само во спортските кругови, туку и на модната сцена. Таа неодамна ја истрча делницата од 60 метри за импресивни 7.26 секунди, со што го надмина рекордот кој траеше речиси три децении.
Годинава ја претставуваше Романија на Европското првенство во Холандија и Светското првенство во Кина, но нејзините успеси не завршуваат на атлетските терени. Паралелно со спортската кариера, Марија гради имиџ и како модна икона. Веќе во 2020 година завршила курс по манекенство, од каде започнала и нејзината љубов кон модата.
„Тогаш научив како да одам на високи потпетици, како да го држам телото, како да се однесувам на модната писта. Од тогаш таа страст почна да расте", – вели Марија.
Свесна дека е реткост во светот на атлетиката, таа истакнува дека не познава ниту една друга атлетичарка која паралелно се занимава и со манекенство.
Иако спортот ѝ е приоритет, не ја крие својата амбиција да зачекори на големите модни писти, како онаа во Милано. Како што вели, разликата помеѓу целодневното стоење на штикли и брзото трчање е огромна, но секоја од тие улоги има своја убавина.
„Не познавам ниту една атлетичарка што истовремено се занимава со манекенство", вели атрактивната русокоса низ насмевка.
На крај, додаде:
„Голема е разликата меѓу цел ден на штикли и трчањето во патики. Но сè има своја магија. На модната писта мораш да гледаш право, никако надолу", – заклучува Марија.