Утре се игра финалето во Купот на Шпанија, а битката за трофејот ќе ја водат големите ривали Барселона и Реал Мадрид.
Средбатa е закажана за вечерниот термин од 22 часот на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја, пресметка на која двата состави дефинитивно нема да биде комплетни затоа што имаат играчи кои се повредени.
Каталонците денеска го објавија списокот на повикани играчи, играчи на кои тренерот Флик смета за утрешното „Ел Класико“, а на истиот има едно изненадување и тоа во името на голманот Марк Андре Тер Штеген.
Германецот заработи тешка повреда во месец септември против Вилјареал и имаше долга пауза од терените, мина низ комплетен процес на рехабилитација, процес кој е завршен затоа што доби зелено светло за настап од страна на медицинскиот тим на клубот.
Сепак без разлика на оваа информација не се очекува тој да застане меѓу стативите, односно таму ќе остане Шчесни кој беше доведен како негова земена, извлечен од пензија.
Барса воедно нема да смета да двајца клучни фудбалери во Балде и Левандовски кои се повредени, листа на која се уште Касадо и Бернал.
🚨 Hansi Flick’s squad for the Cup final! #ElClásico #CopaBarça pic.twitter.com/NepFrHkj53
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 25, 2025