[ВИДЕО] Што се случува со инфлуенсерите во Дубаи? Ги преплавија социјалните мрежи со речиси идентични снимки

Точка

03/03/2026

17:50

700

Големина на фонт

а а а

Многу инфлуенсери ги уверуваат своите следбеници дека во Дубаи сè е во ред, откако Иран започна контранапади по заедничкиот удар на САД и Израел. Сепак, забележливо е дека користат ист шаблон при снимањето на видеата.

Имено, на ТикТок и Инстаграм се шират видеа во кои инфлуенсерите, покрај сопствената снимка, го цитираат прашањето: „Живееш во Дубаи. Зар не си исплашена?“. Потоа во видеото се појавува лидерот на Дубаи, Мохамед бин Рашид Ал Мактум, со реченицата: „Не, затоа што знам кој нè штити“.


На други видеа се појавува и Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, кој е претседател на Емиратите и лидер на Абу Даби. Истите или слични снимки ги преплавија социјалните мрежи, па многумина се прашуваат колку вистина има во сето тоа и дали се платени за да ги убедуваат другите дека во Дубаи сè е во ред.

„Во меѓувреме, изгледа дека Дубаи го користи својот најефикасен ресурс во информативната војна: инфлуенсерите на Инстаграм. Истите „нашминкани“ снимки одеднаш се насекаде. Различни јазици, но речиси идентични снимки во кои се фалат колку се чувствуваат безбедно под заштита на шеикот Мохамед“, навел новинарот Брајан Мекдоналд од Ирска.

„Инфлуенсерите брзо добиваат виза во замена за промоција на Дубаи како атрактивна дестинација. Претпоставувам дека и тоа игра улога“, „Овие снимки се толку чудни“, „Неубедлива пропаганда“, се дел од коментарите на Икс.