Жена од автомобил пукала кон куќата на Ријана: Пејачката во тој момент била во домот, еден куршум го пробил ѕидот

Точка

09/03/2026

08:35

566

Големина на фонт

а а а

Куќата на познатата пејачка Ријана во Беверли Хилс вчера била мета на пукотница, додека таа била во домот, пренесоа американските медиуми.

Според наводите на полицијата од Лос Анџелес, инцидентот се случил околу 13:20 часот по локално време. Жената на возраст од 30 години наводно пукала кон влезот на имотот на пејачката.

Таа испукала неколку куршуми кон куќата на поп ѕвездата во Беверли Хилс, а еден куршум го пробил ѕидот на куќата, пренесоа локалните новински агенции.

„Лос Анџелес Тајмс“ и „Ен-би-си 4“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата од Лос Анџелес известија дека властите реагирале на пукотницата во недела во 13:21 часот и ја уапсиле 30 годишната осомничена жена.

Сведоците и полициските извори рекоа дека биле испукани од 7 до 10 куршуми. Полицијата го истражува мотивот на нападот, а идентитетот на жената за сега не е објавен.

Во моментот на пукотницата Ријана била во домот, но не е повредена, а не потврдено дали со неа биле и нејзиниот партнер, АСАП Роки и нивните деца.


Луксузната вила во која живее пејачката се наоѓа во населбата Беверли Крест во Лос Анџелес, а ја купила за 13,8 милиони долари во 2021 година. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а дополнителните детали за мотивот на пукотницата сè уште не се познати.