Како што објавија странските медиуми, колумбиската пејачка Шакира ја потврди својата врска со актерот кого многу добро го познавате од серијата „Емили во Париз“.
Колумбиската пејачка Шакира беше во врска со Луис Хамилтон по разводот од Жерар Пике, но се чини дека таа е повторно среќна во љубовта дури сега.
Како што објавија странските медиуми, пејачката ја потврди својата врска со 15 години помладиот актер кого публиката го познава од серијата „Емили во Париз“.
Станува збор за 38-годишниот Лусиен Лависконт, кој ја играше улогата на Алфи во гореспоменатата серија. За врската меѓу Шакира и актерот се шпекулираше веќе неколку месеци.
Двајцата се запознале за време на снимањето на нејзиниот музички спот за песната „Puntería“ од 2024 година, каде што тој ја играше улогата на нејзин љубовник.
Тешко беше да не се забележи нивната хемија на екранот, па обожавателите брзо почнаа да прашуваат дали станува збор за нешто повеќе од само глума. Набргу потоа, двајцата биле видени како вечераат заедно во Њујорк, што ги разгоре шпекулациите.
„Тие се гледаат, но сè уште не станало многу сериозно“, велат извори блиски до пејачката.
По болното и јавно раскинување со Жерар Пике, кое Шакира го претвори во хит албум, нејзините пријатели се на штрек. Многумина од нив се плашат дека Лусиен ќе ѝ го скрши срцето.
„Шакира очајно сака љубов, но нејзините пријатели се плашат дека тој е „играч“ кој само сака неговото име да се чуе низ целиот свет, а таа му го овозможува тоа“, открива изворот.














