На самитот „TIME100“ во Њујорк, бил снимен малку незгоден момент кога Меган Маркл не го забележала гестот на принцот Хари. Парот заедно пристигнал на настанот, но Меган во повеќе наврати не реагирала на испружената рака на Хари, оставајќи го несмасно да стои настрана.
Имено додека излегувала од автомобилот, Хари се обидел да ѝ ја подаде раката на Меган, но таа, очигледно несвесна за тоа, ја прегнала познајничката без дури и да го погледне. Принцот останал да стои зад неа, со раце во џебовите. Меѓутоа истиот момент се повторил неколку минути подоцна кога Меган, зафатена мавтајќи кон толпата, повторно поминала покрај нејзиниот сопруг, кој останал еден чекор зад неа.
Watch on TikTok
Експертката за говор на телото Џуди Џејмс изјавила за Дејли Мејл: „Без разлика дали Хари води или се повлекува во заднина, се чини дека игра улога на „резервен“, правејќи малку незгодни пози додека Меган изгледа самоуверено и во центарот на вниманието“.
Џејмс ги анализирала нивните гестови при пристигнувањето: „Се чини дека Меган го има главниот збор, додека Хари е зад неа. Меган користи карактеристичен невербален знак – рацете свиткани под агол од 45 степени и опуштени зглобови – таканареченото „скршено крило“, што сигнализира статус и посебност“.
Снимкaта стана вирална
Џејмс додала дека Меган е таа што „ги контролира камерите“ и иницира пријателски прегратки, додека Хари чека настрана, што некогаш би било незамисливо. „Неговиот израз на лицето е понапнат, помалку насмеан во споредба со оној на Меган“, истакнала Џејмс.
Многумина ја коментирале снимката од непријатниот момент на социјалните мрежи. „Таа дури и не го погледна својот сопруг?!“, „Таа целосно го игнорира“, „О, тоа беше ладно“, беа само дел од коментарите.