„Тоа не е нормално“ – Џорџ Клуни ги збунил обожавателите со невообичаеното признание за бракот со Амал

Точка

22/04/2025

09:16

1.766

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клуни (63) повеќе од десет години е во брак со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), а холивудската ѕвезда сè уште тврди дека тие никогаш не се скарале. Во разговорот со Гејл Кинг во емисијата „CBS Mornings“, актерот признал дека тој и Амал сè уште немаат ниту една караница, што изненади многу обожаватели.

„Се обидуваме да најдеме причина за караница“

Тој се присетил и на последното појавување во емисијата, велејќи дека и тогаш го тврдел истото. „Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме причина за караница“, рекол Џорџ низ смеа.


„Имам неверојатна среќа што ја запознав оваа извонредна жена. Се чувствувам како да добив џекпот. Нема ден да не помислам дека сум најсреќниот човек на светот. Навистина е прекрасно“, додал тој.

По ова интервју, некои корисници на платформата X почнале да шпекулираат дека „најверојатно спијат во посебни соби“. Еден обожавател, исто така, сугерирал дека имаат посебни соби, додека друг објавил меме со Вил Ферел од филмот „Елф“ со познатиот цитат: „Седиш на тронот на лагите“. „Тоа не е нормално“, коментираа многумина.

Тие се венчале во 2014 година

Инаку Џорџ за прв пат изјави дека никогаш не се скарале уште во 2022 година, исто така на „CBS Mornings“.


Потоа рекол дека бракот со Амал е „најлесната работа во мојот живот досега“. Амал, исто така, учествувала во интервјуто и рекла: „Тоа ги излудува некои од нашите пријатели. Имам братучед кој секогаш кога ќе нè види, првото нешто што нè прашува е: „Па, дали веќе се скаравте?“ дури и пред да каже „здраво“.


Џорџ и Амал се свршиле во април 2014 година, а дозволата за брак ја добиле во август истата година и се венчале на 27 септември 2014 година во „Ca‘ Farsetti“ во Италија, а близнаците Ела и Александар ги добиле на 6 јуни 2017 година.