Актерката Марго Роби неодамна била фотографирана на плажа во Квинсленд, каде уживала во сончевите денови со сопругот Том Акерли и нивниот син.
Таа го привлече вниманието на фотографите со нејзиниот неверојатен изглед – носела дводелен сив костим за капење кој ја истакнал нејзината витка линија.
Токму телото на актерката ги „заинтригира“ фотографите, со оглед на тоа дека поминале само 7 месеци од нејзиното породување.
Дури и британскиот „Дејли мејл“ напишал дека „ги воодушевила сите со своето затегнато тело и природна убавина“.
Фотографиите „со брзина на светлината“ се прошириле на социјалните мрежи, а обожавателите забележале нов детаљ. Станува збор за златно ланче со натпис „Мама“ кое една од најубавите жени гордо го носела.
Судејќи по фотографиите, новопечените родители изгледале среќно, а новата животна улога одлично им прилега!