Новата крими-драма на „Netflix“ ја воодушеви публиката: „Мрачна, а толку убедлива...“

Точка

22/04/2025

13:35

1.148

Големина на фонт

а а а

Новата скандинавска криминалистичка драма „The Glass Dome“ стана една од најгледаните серии на „Netflix“.

Оваа шведска серија која премиерно беше прикажана на 14 април 2025 година, веќе се споредува со хитот „The Are Murders“ којшто претходно годинава имаше 10,7 милиони прегледи за само една недела.

„The Glass Dome“ ја следи приказната на инспекторката Лејла чија улога ја толку талентираната Леони Винцент. Како дете, Лејла била жртва на грабнување и била чувана во мистериозна стаклена купола, што ѝ оставило длабоки трауми.

Години подоцна таа се враќа во својот роден крај во Шведска после што дознава дека исчезнала ќерка на нејзина блиска пријателка, а околностите на исчезнувањето ја потсетуваат на нејзиното минато.

Низ нелинеарна нарација серијата ја открила борбата на Лејла со личните демони додека се обидува да ја открие вистината зад новиот случај.


Поголем дел од гледачите ја фалат серијата поради напнатоста и емоционалната слоевитост.

„Оваа серија е неверојатно напната. Не можам да престанам да ја гледам, секоја епизода носи нов пресврт“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.