Третата среќа на Борис Бекер блесна на црвениот тепих во Мадрид: Од него е помлада 23 години, има три дипломи и сите велат дека е најубава досега

Точка

22/04/2025

12:25

2.163

Големина на фонт

а а а

На свеченото доделување на наградите „Laureus“ во Мадрид присуствувале најголемите спортски легенди на сите времиња. Меѓу ѕвездите на белиот спорт големо внимание привлекол и ненадминливиот Германец, Борис Бекер.

Во текот на претходните години него не му цветаа рози, помина осум месеци во затвор поради тоа што при прогласувањето банкрот криел пари, тениски трофеи и останати скапоцени работи, како и акции во една од компаниите.

Сепак, Борис Бекер, освојувачот на шест гренд слем трофеи и најмладиот победник во историјата на Вимблдон, како феникс се издигна од пепел.


Некогашниот тренер на Новак Ѓоковиќ, не паднал психички поради тоа што му се случило, а тука треба да го спомнеме и приватниот живот во којшто исто така не му цветале рози. Со актерката Барбара Фелтус ги добил синовите Ноа и Алијас, додека пак како резултат на „врската“ со манекенката Анџела ја добил ќерката Ана за која не ни морал да го докажува татковството поради тоа што таа е негова „копија“

Во најтешките моменти имал поддршка од една посебна дама. Се вика Лилијан де Карваљ и се занимава со политичка аналитика. Синоќа токму таа дама му била придружба на црвениот тепих. А, таа е вистинска убавица од која запира здивот. Родена е пред 33 години во Африка. Нејзиниот татко бил министер за одбрана. Учела во Рим и Лондон, има три факултетски дипломи, говори пет јазици...


Прекрасната Лилијан не се одвојува од поранешниот тенисер на кој минатото лето му го изговорила судбоносното „да“ на интимна церемонија во романтичниот Портофино.


Дали тоа е трета среќа за легендата на белиот спорт? Би можело да се каже, со оглед на тоа што Борис Бекер не ја тргнува насмевката од лицето, а многумина велат и дека се подмладил покрај 23 години помладата Африканка.