[ВИДЕО] Знаете ли која земја во светот се смета за „најдебела“? Ја носела и титулата најмалку посетена од туристи

Точка

07/04/2025

15:52

955

Големина на фонт

а а а

Науру е третата најмала земја во светот, но истовремено и онаа со најголем процент на дебели луѓе. Годишно ја посетуваат само неколку стотици туристи, што ја вбројува меѓу најмалку посетените земји во светот.

Имајќи предвид дека прекумерниот туризам е проблем на многу популарни дестинации ширум светот, наоѓањето помалку истражени места даваат чувство како да сте зачекориле во недопрен регион може да биде предизвик за многу авантуристи.

Со помалку посетители од повеќето земји во светот и место каде што времето тече со свое неизбрзано темпо – малата островска држава Науру се издвојува како неистражена дестинација.


Своевремено таа била најмалку посетувана земја во светот со само 200 посетители годишно, а денес е на четвртото место на оваа листа. Науру воедно е и третата најмала земја во светот.

Отворениот рудник за фосфат на островот во југозападниот Тихи Океан и големата оддалеченост можеби е причината зошто не е често посетен.

Науру се наоѓа во Микронезија, која е североисточно од Австралија, и има корален гребен, кристално море и бели песочни плажи.

Науру била најнепосетуваната земја во светот пред 2015 година со 200 туристи годишно. Тоа само по себе предизвикало голем интерес и малку се зголемил бројот на туристи.

По експлоатациите на наслагите на фосфат, овошјето и зеленчукот тешко можат да растат на оваа уништена земја, па обработената и масна храна стана норма.


Токму затоа Науру е признаена како „најдебела“ земја во светот, со повеќе од 60 проценти од нејзините граѓани кои спаѓаат во категоријата дебели. Светската здравствена организација исто така известува дека Науру има највисока стапка на потрошувачка на цигари во светот.