Два начини да го намалите високиот крвен притисок пред лекови: Стар метод кој докажано делува

Точка

07/04/2025

15:35

1.170

Големина на фонт

а а а

Ако откриете дека имате висок крвен притисок, најдоброто нешто што треба да направите е да се консултирате со вашиот лекар, кој ќе знае која терапија е најдобра за вас.

Во минатите години, високиот крвен притисок се поврзуваше со постарата популација, но новите истражувања покажуваат дека се повеќе млади луѓе на возраст меѓу 16 и 34 години заболуваат од оваа болест.

Луѓето кои имаат хронично висок крвен притисок најчесто се на некоја форма на терапија, но ако треба да го намалите крвниот притисок, тогаш пробајте ги овие природни методи:


1. Намалете ја количината на кафе

Кофеинот е одличен за покачување на крвниот притисок, но во случај на хипертензија не е добредојден. За да го задржите крвниот притисок под контрола, треба да го намалите внесот на сите пијалоци што го содржат.

2. Бананата мора да биде на вашето мени

Истражувањата покажуваат дека зголеменото количество на калиум во исхраната може да го намали ризикот од висок крвен притисок, но и да ја подобри состојбата на оние кои страдаат од хипертензија.


Лекарите веруваат дека ако се зголеми внесот на овој минерал, бројот на возрасни лица со висок крвен притисок би се намалил за 10 проценти. Калиумот е важен и за правилното функционирање на срцето, цревата и мускулите. Препорачаната дневна доза на овој минерал е 4,7 грама, а најмногу го има во бананите, доматите, портокалите, сувите сливи и сувото грозје.

Покрај овие два методи, исклучително е важно да се движите што повеќе и да правите лесни вежби за истегнување, особено за вратот и рамената.


Здравата исхрана е од клучно значење, па доколку откриете дека имате проблем со висок крвен притисок, време е да се свртите кон медитеранската исхрана, која се смета за најздрава од сите.