Тајм Аут ги рангирал 20-те најдобри градови во светот за храна во 2025 година – а оваа година Њу Орлеанс ја презел круната.
За да ја состави оваа листа, Тајм Аут анкетирал повеќе од 18.500 луѓе ширум светот во врска со храната во нивниот град и секоја дестинација била рангирана врз основа на достапноста и квалитетот на кујната. Податоците од локалното население потоа биле комбинирани со резултатите од панелот експерти, од писатели до готвачи, кои ги споделиле своите сознанија за „моментално најдобрите градови за храна ширум светот“, пишува Дејли Мејл.
„Храната е интегрален дел на локалната култура во градовите и причината поради која многумина од нас избираат да патуваат – годишното рангирање на најдобрите градови за храна во светот на Тајм Аут ја слави кулинарската култура ширум светот и е одлична листа за љубителите на храна“, вели Грејс Берд, уредничка за патувања во Тајм Аут, претставувајќи го новиот „водич за гладни патници“.
Њу Орлеанс се истакнал по неговата кулинарна сцена, која е „мешавина од француски, шпански, виетнамски и африкански влијанија“, каде што „секогаш има нешто вкусно да се проба“.
На второто место е Бангкок, чија кулинарска магија, како што пишува Тајм Аут, лежи во неговата сестраност. „Без разлика дали се работи за оброк со ѕвезда на Мишелин или улична гозба од 3 долари под флуоресцентни светилки, искуството е подеднакво незаборавно“.
Бронзата оди во Меделин, град во Колумбија, а во топ 5 влегоа и Кејп Таун (Јужна Африка) и Мадрид (Шпанија).
Во продолжение комплетната листа:
1. Њу Орлеанс, САД
2. Бангкок, Тајланд
3. Меделин, Колумбија
4. Кејп Таун, Јужна Африка
5. Мадрид, Шпанија
6. Мексико Сити, Мексико
7. Лагос, Нигерија
8. Шангај, Кина
9. Париз, Франција
10. Џакарта, Индонезија
11. Маракеш, Мароко
12. Лима, Перу
13. Ријад, Саудиска Арабија
14. Мумбаи, Индија
15. Абу Даби, ОАЕ
16. Каиро, Египет
17. Порто, Португалија
18. Монтреал, Канада
19. Неапол, Италија
20. Сан Хозе, Костарика