[ВИДЕО] „Секој ден јадев по 1 намирница и тврдам дека поради истата добив рак на дебелото црево на 25 години – Еве зошто сум сигурен дека тоа е причината за болеста“

Точка

07/04/2025

23:16

3.287

Големина на фонт

а а а

Ракот на дебелото црево е сè почеста дијагноза, како меѓу постарите, така и меѓу младата популација. Болеста е незгодна бидејќи не секогаш дава јасни симптоми. Најчестите симптоми на колоректален карцином се болки во стомакот, крвава столица, губење на апетит, губење на тежината без причина, нарушување на празнење, лажен нагон за столица, течна или тесна столица, замор и слабост …

Еден млад Американец се соочил со оваа дијагноза на 25 години и одлучил да ги предупреди сите свои врсници за оваа опасна болест. Имено, тој тврди дека болеста ја добил поради лошата исхрана која ја практикувал со години.

Дијагнозата ја добил кога имал само 25 години, а смета дека самиот тој е одговорен за болеста.

„Дијагнозата ми беше поставена кога имав 24-25 години, но докторот ми рече дека сигурно туморот го имам веќе три години. Самиот сум виновен! Во тоа време буквално живеев на сендвичи – признал младиот човек кој видеото го објави на ТикТок, пренесувајќи им порака на многумина кои не внимаваат што јадат.

Раскажал дека е премногу мрзелив да готви сам и дека јаде брза храна речиси секој втор ден.


Watch on TikTok

„Буквално јадев само италијански сендвичи и нивните супи. Исто така, многу црвено месо. Никогаш не одбивав бифтек кога ќе ми понудеа. Докторите не ми кажаа директно дека тоа е причината, но претпоставував дека не сум далеку од вистината. Секогаш ме прашуваат за медицинска историја и семејната генетика. Во моето семејство нема историја на рак на дебелото црево, така што генетиката не е фактор на ризик во мојот случај“, изјавил тој.

Оваа изјава набрзо наишла на голем број коментари на ТикТок.

„Мојот онколог ми рече дека веќе би ја добил Нобеловата награда доколку знаел што точно предизвикува рак“, „Одговорно тврдам дека храната игра клучна улога како за целокупното здравје, така и за добивање рак“, „Барем на време си открил, се надевам“.


Постојат сè поголем број на студии кои ја поврзуваат брзата храна со сериозни здравствени проблеми, вклучително и кардиоваскуларни болести. Брзата храна го зема својот данок, создавајќи милиони луѓе кои стануваат зависни од медицинска нега и се соочуваат со лош квалитет на живот.

Иако експертите не можат со сигурност да ги потврдат поединечните причини за рак, многумина се согласуваат дека лошата исхрана е еден од клучните фактори на ризик. Апелот на ова момче на социјалните мрежи стана моќна порака до неговата генерација, која често е подложна на брза, евтина и лесно достапна храна.