Косата е повеќе од обичен дел од изгледот туку е и израз на индивидуалност, енергија и самодоверба. Без разлика дали се третира со топлина (фенирање или пеглање) се бојадисува или се одржува нејзиниот природен и здрав изглед, вистинската нега започнува со изборот на квалитетни производи кои ѝ даваат сила и живот.
На пример во dm дрогерии може да се најдат сеопфатни асортимани на производи за нега на коса, прилагодени за различни типови и потреби.
Има многубројни природни и органски опции што се збогатени со билни екстракти, без силикони и штетни хемикалии. Овие производи не само што ја зајакнуваат косата, туку се и еколошки свесен избор, создадени со формули што ја почитуваат природата. Има шампони и регенератори кои се важни за хидратација, заштита од оштетување и одржување на природниот баланс. Потоа маски и серуми што интензивно ја негуваат и обновуваат косата и се збогатени со природни масла и хранливи состојки. На некои луѓе им се потребни производи за обликување како што е пена са коса, креми за дефинирање и заштита од топлина. И секако, боја за коса.
Косата секојдневно е изложена на надворешни фактори како што е загадувањето, сонцето, влажноста, третманите со топлина пак што може да доведат до оштетување, сува текстура и губење на сјајот. За да остане здрава и витална, потребно е:
Редовна хидратација – Со нежни шампони без сулфати и длабински хидратантни маски.
Заштита од топлина – Користење на спрејови кои ја штитат косата пред фенирање или пеглање.
Природни масла – Арганово, кокосово или рицинусово масло за дополнителна нега и ревитализација.
Косата е огледало на здравјето, а негата треба да биде приоритет за секого. Во dm дрогерии посебно внимание привлекува Balea Professional Oil Repair Intensive шампонот, формулиран за оштетена, сува и кршлива коса, кој веднаш го хидрира и зајакнува влакното, навлегува во неговата струкута. Богат со арганово масло, овој шампон продира длабоко во косата, обезбедувајќи долготрајна хидратација, заштита од надворешни влијанија и природен сјај без оптоварување. Без силикон внатре и со високо квалитетна формула, производот е идеален за оние што сакаат нега и да ја заштитат косата, но истовремено да имаат мазно и еластично влакно. За максимален ефект, најдобро е да се комбинира со Balea Professional Oil Repair Intensive регенераторот или маската, кои ја прават косата свиленкаста и лесна за расчешлување, без разлика на тоа дали е природна или третирана со топлина и хемиски процеси. Моќна нега со длабински ефект, што ја враќа виталноста на косата.
Комерцијален текст