Светски ден на здравјето: Грижата започнува од првиот чекор – од исхраната

Точка

07/04/2025

18:02

421

Големина на фонт

а а а

Секоја година, на 7 април, Светската здравствена организација нè потсетува на суштинската вредност на здравјето – нешто што често го земаме здраво за готово сѐ додека не биде нарушено. Темата за 2025 година е фокусирана на мајчиното и здравјето на новороденчињата – симболичен потсетник дека грижата за здравјето започнува уште пред самиот животен почеток.

Но, што значи тоа во секојдневниот живот? Почнува со храната. Исхраната што ја внесува мајката, уште во текот на бременоста, го обликува здравјето на нејзиното бебе. Балансираните оброци, богати со протеини, витамини и минерали, не само што го зајакнуваат имунитетот, туку и влијаат врз развојот на мозокот, коските и целокупниот метаболизам на новиот живот.

Здравјето почнува од чинијата

Внесот на хранливи оброци секој ден не треба да биде сложена мисија. Со производи како што се овесните каши без додаден шеќер или протеинската гранола, жените во чувствителни периоди – било да е тоа бременост, доење или општа грижа за телото – имаат практично, брзо и вкусно решение кое дава реална поддршка.


Протеинската гранола, без додаден шеќер, богата со влакна, со 23% протеин од грашок и соја – е идеален избор за мајки кои сакаат да се хранат одговорно и свесно. Од друга страна, овесните каши без додаден шеќер се лесно сварливи, содржат бета-глукани кој помагааат во намалување на холестеролот и се погодни дури и за најосетливите организми.


Пробајте ги и новите растителните напитоци во прав – OatVita и RiceVita – кои претставуваат лесно сварлива, природна алтернатива за мајките што сакаат да напитоци алтернативи на млеко, а без лактоза. Подготвени за неколку секунди, овие напитоци не само што се идеални за појадок или ужина, туку и претставуваат практична поддршка за внес на квалитетни нутриенти во секојдневието. Со природна содржина на растителни протеини, без додадени шеќери и со можност за подготовка на до 3 литри напиток од едно пакување – тие се одличен избор и за трудници, и за доилки, и за целото семејство.

Малите избори создаваат голема разлика

Здравите навики не се создаваат преку ноќ, туку се градат со мали, доследни чекори. Еден појадок богат со хранливи состојки, една попладневна ужина со нутритивна вредност – сите тие се дел од процесот на градење силно и отпорно тело. Со избор на функционални производи кои не само што се вкусни туку и имаат јасна нутритивна цел, се приближуваме кон заедница која се грижи – за себе, за своите најблиски и за иднината.


Повеќе од бренд – мисија за подобро здравје

Како компанија која над 30 години стои зад здравите навики, Виталиа не е тука само за да понуди производ – туку решение. Со палета која вклучува производи за сите возрасти – од деца до возрасни, од активни спортисти до идни мајки – се стремиме кон општество каде што здравјето не е привилегија, туку достапна реалност.

Овој Светски ден на здравјето нека биде инспирација. Да ги преиспитаме нашите секојдневни избори, да се вратиме кон природното, да го ставиме здравјето во фокус – за нас, за нашите деца и за идни генерации кои заслужуваат цврст, здрав почеток.

Комерцијален текст