Дончиќ и Леброн имаат голем проблем, Дејвис се врати и донесе победа за Далас

Дерби

25/03/2025

11:30

5.395

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс после извесно време го имаше речиси цел тим на располагање, но и покрај тоа што Редик на втор меч во низа можеше да смета на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, победата повторно изостана.

„Езерџиите“ не минаа баш најдобро на Флорида и беа поразени од Орландо со двоцифрена разлика (118:106), и тоа во натпревар во кој навистина расположение беа Вагнер со 32 и Банкеро со 30 уфрлени поени.

Лошата одбрана на гостите на втор натпревар во низа се покажува како голем проблем за ѕвездениот тим на Лејкерс, па јасно е дека Дончиќ и Леброн ќе мора да се позанимаваат за решавање на истиот, заедно со тренерот Џеј Џеј Редик кој мораше да се помири со третиот пораз во низа во НБА лигата.

Офанзивно гледано, Дончиќ и ЛеБрон беа на висина на задачата, но 32-та поени на Словенецот и оние 24 на Американецот не беа доволни да се избегне непосакуван резултат.

Вест на денот во Америка е и враќањето на Ентони Дејвис на паркетот после пауза од речиси два месеци, а тоа се покажа како многу важна вест за Далас кој победи на гостувањето кај Бруклин со резултат 101:120.

Дејвис имаше одличен кам-бек и одигра 26 минути на паркетот, период за кој запиша 12 поени, 6 скокови и 3 асистенции. Најдобар поентер на гостите беше Маршал со 22 поени, додека Динвиди и Вашингтон уфрлија по 16 поени.

НБА резултати:

Орландо – ЛА Лејкерс 118:106

Индијана – Минесота 119:103

Вашингтон – Торонто 104:112

Бруклин – Далас 101:120

Њу Орлеанс – Филаделфија 112:99

Денвер – Чикаго 119:129

Феникс – Милвоки 108:106

Сакраменто – Бостон 95:113