ЕХФ донесе одлука: Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе игра во ЛШ!

Дерби

24/06/2025

11:26

119

Големина на фонт

а а а

Старо-новиот македонски ракометен првак, Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Клубот од Битола аплицираше за вајлд карта и доби позитивен одговор од Европската ракометна федерација (ЕХФ). Покрај Пелистер „зелено светло“ за настан во елитната конкуренција добија Киелце, ПИК Сегед, Нант и ГОГ Гудме, додека пак беа одбиени Порто, Кадетен Шафхаузен и Слован кои ќе имаат право да играат во Европската лига или Европскиот Куп.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите ќе биде одржана на 27 јуни во Виена (15 часот), односно 16 екипи ќе бидат поделени во две групи по осум клубови

Освен Пелистер, Киелце, ПИК Сегед, Нант и ГОГ Гудме тука се и Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, ПСЖ, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Загреб и Алборг.