Манчестер Јунајтед се обидува да го засили составот и откако го обезбеди потписот на Матеус Куња сега притиска за Брајан Мбуемо од Брентфорд што јасно говори дека премиерлигашот сака да ги освежи своите редови и да ги има на располагање новите играчи за стартот на претсезоната.
Секако во меѓувреме се случуваат и други работи, а меѓу оние кои беа актуени изминативе денови беше потегот на Алехандро Гарначо кој со една објава ги налути навивачите на Јунајтед.
Тој објави фотографија од својот одмор со дрес на Маркус Рашфорд, ама од Астон Вила, тим во кој напаѓачот настапуваше во вотората полусезона. Јасно е некое време дека деновите на Аргентинецот се изброени на „Олд Трафорд“, ама со вакви потези само го навлекува гневот и тоа не само на фановите туку и на пример Трој Дини кој сега работи како аналитичар.
- Да бев јас во Манчестер Јунајтед и да бев [Бруно] Фернандеш, ќе чекав додека не се врати и првиот ден едноставно ќе го удрев, навистина тоа ќе го направев, не се обидувам да правам наслови, едноставно ќе го скршев, ова е Манчестер Јунајтед, кој мислиш дека си ти? Ти мало кретенче, - вели некогашниот напаѓач на Вотфорд за „Токспорт“.