Суарез со ремек дело потсети на најдобрите времиња, формирани се два осминафинални парови на СКП

Дерби

24/06/2025

11:23

125

Големина на фонт

а а а

Два супер интересни натпревари беа одиграни рано утрово на Светското клупско првенство, натпревари од групата А по што ги имаме првите два формирани пара за нокаут фазата на ова натпреварување на ФИФА.

Интер Мајами имаше се во свои раце во пресметката со Палмеирас до самата завршница кога потклекна и му дозволи на бразилскиот клуб во периодот од 80 до 87 минута да постигне два погодоци преку Паулињо и Маурисио и со тоа да избегне пораз, да се избори за реми од 2-2 со кое го освои првото место во групата со кое во осминафиналето го избегна европскиот првак Пари Сен Жермен.

Клубот од МЛС поведе преку Аленде на асистенција на Суарез, а токму Уругваецот во 65 минута потсети на своите најдобри времиња, ја измеша противничката одбрана пред да ја затресе неговата мрежа.

Овој резултат го носи составот од Флорида на мегдан со „светците“ што значи дека Меси ќе се соочи со поранешната екипа во дуелот во кој ПСЖ ќе биде апсолутен фаворит за место во четвртфиналето.

На другиот натпревар видовме вистински спектакл, Порто и Ал Ахли ремизираа со неверојатен резултат 4-4. Африканците четири пати водеа, Португалците одговараа и се враќаа, ама на крајот двете екипи си заминуваат дома со по 2 освоени бода.