Дурент со прва реакција за трејдот: Тие сакаа да си заминам…

Дерби

23/06/2025

13:23

602

Големина на фонт

а а а

Кевин Дурент ја заврши епизодата во Феникс Санс и во новата сезона ќе го гледаме во редовите на Хјустон Рокетс.

Кеј-Ди беше главната ѕвезда во трејдот во кој заврши во Тексас, додека во спротивната страна беа испратени Џејлен Грин и Дилон Брукс, плус 10. пик на драфтот од оваа година и пет пика од втората рунда.

Големата ѕвезда е задоволна од тоа каде ќе игра во иднина, но и воедно признава дека имал своја улога во целата операција.

- Ме прашаа каде сакам да одам, па им ги дадов дестинациите што ги имав на ум – и еве нè. Имав идеја, но не знаев точно кога ќе се случи. Но, ми е мило што се случи кога бев на сцената, - истакна Дурент кој смета дека сега се среќни и навивачите на Феникс.

- Тие сакаа да си одам. Драго ми е што двете страни… тие го добија она што го сакаа, а јас го добив она што го сакав, - заклучи ветеранот.