Во Франција на повидок нов скандал! Сите очи моментално се вперени во Тифен Озиер, ќерката на Брижит Макрон, која била фотографирана на вечера со контроверзниот ТВ водител кој го обвинува францускиот претседател, а нејзиниот очув за гаснење на неговата емисија. Сите се сомневаат на романса, актерите мудро молчат. Дали поќерката му заби нож во грб на очувот – е главното прашање меѓу француското население и медиумите.
Тифен Озиер (41) е фотографирана со Кирил Ханун (50), авторот на популарното вечерно шоу (ТПМП), познато по сензационалистичкиот стил и склоноста кон тврдокорната десница, кое било згаснато минатиот месец токму поради тоа. Тој го обвинил претседателот Емануел Макрон за цензура и интервенција, па затоа вечерата и наводната романса со неговата ќерка предизвикале вистински скандал во целата земја!
Насловните страници на францускиот печат се преплавени со вообичаени папарацо фотографии, но подеднакво сензационалистички наслови.
🚨💔L’histoire d’amour entre Cyril Hanouna et Thiphaine Auziere est évidemment un contre feu produit (avec l’accord de l’animateur pour aider Madame) par l’Élysée pour contourner le succès du livre enquête #DevenirBrigitte pic.twitter.com/w1r9h1LqJD
— Royal McBee 🐝 (@royalmcbee) March 19, 2025
Наводната врска меѓу „лошото момче“ на француската телевизија и ќерката на Брижит Макрон, француската прва дама, од нејзиниот прв брак, наводно започнала откако Сирил Хануна ја поканил како правна коментаторка во неговата емисија минатата година.
„Paris Match“, познат магазин за познати личности, на насловната страница ја пласирал веста за нивната врска, со заедничка фотографија од ресторан во елитниот 8-ми арондисман на Париз.
Под фотографијата пишувало: „Прекрасна приказна, повеќе од минлива авантура“, истакнувајќи дека Тифани неодамна ѝ ја признала својата „љубовна афера“ на мајка си.
„Сите беа изненадени во Елисејската палата“, вели новинарот на споменатиот весник.
[GRATUIT] Scoop en Une de Paris Match : Cyril Hanouna et Tiphaine Auzière, fille de Brigitte Macron, vivraient une "belle histoire". Potin sans intérêt ou contre-feu après les révélations de Mediapart sur les coulisses de TPMP ? Analyse par @PaulineBock https://t.co/zRZjAEZs03
— Arrêt sur images (@arretsurimages) March 22, 2025
Две деца и неуспешен брак
Тифен Озиер, инаку, има две деца – од осум и девет години – со докторот Антоан Шот, чиј идентитет строго го чува од очите на јавноста. Парот наводно се разделил во јануари, давајќи ѝ на поќерката на францускиот претседател слобода и крилја за нова љубов и ново небо.
Исто така, отсуствувала и официјалната реакција на Елисејската палата во врска со овие наводи, а јавно не проговориле ниту главните актери на оваа жешка приказна. И покрај тоа, магазинот „Paris Match“ пишува дека Брижит Макрон го поддржува „неверојатниот однос меѓу рационална жена и провокатор“, што, како што велат, покажува дека „спротивните се привлекуваат“. Сепак, сите чекаат да видат како ќе реагира Емануел, нејзиниот очув, земајќи ги предвид сите навреди упатени кон него – и тоа на телевизија.
Адвокатката и Евреинот од Тунис
Тифен Озиер е адвокатка и писателка. Минатата година ја објави лакнигата „Assises““, правна драма која ги истражува последиците од семејното насилство. Што се однесува до нејзиниот наводен нов љубовник, Кирли Ханун, тој има туниско-еврејска крв во крвта и е најпознат во јавноста како водител на контроверзната емисија која доминирала на вечерниот термин повеќе од 14 години додека се емитувала.
Познаниците Тифен ја опишуваат како добро воспитана и внимателна жена, вистинска спротивност на „вулканот“ што е Кирил. Додека таа внимателно ги избира зборовите, тој ги истура како „водопади“.
Ханун неодамна го обвинил претседателот Макрон дека вршел притисок врз француската медиумска агенција „Арком“, која ја повлекла лиценцата за неговото шоу. Сопственик на каналот е Винсент Болоре, конзервативен тајкун познат по својата поддршка на тврдокорната десница и партијата на Марин Ле Пен, и кој која оваа одлука ја нарекол „чин на политичка цензура“. Макрон ги отфрлил обвинувањата, инсистирајќи дека тоа не е политичка одлука и негирал било каква директна улога во гаснењето на шоуто.
Политичката ток-шоу програма била казнета и со 7,6 милиони евра за прекршоци, вклучително и навреда на левичарски пратеник со вулгарен речник, како и за хомофобија, мизогинија, антиисламска содржина, теории на заговор и општа десничарска пристрасност. Во моментов се емитува исклучиво преку Интернет, но и понатаму има околу два милиони претплатници на „YouTube“.
Во својот последен напис „Paris Match“,наведува дека Тифен „ја стекнала својата независност“ откако поминала низ скандалот на љубовната врска на нејзината мајка со Макрон. Францускиот претседател имал само 15 години кога се заљубил во својата учителка по глума Брижит Озиер, која тогаш имала 40 години, на почетокот на 1990-тите во училиштето „Catholic Providence“ во Амиен.
„И така историјата се повторува. Исто како и со Брижит Макрон во минатото, љубовта е најмоќниот двигател на ослободувањето од правилата на сопствениот свет“, пишува споменатиот весник.
Во интервју за „The Telegraph“ минатата година, Тифен изјавила дека најважниот совет на нејзината мајка бил: „Биди независна жена“. Со тоа мајката подразбирала „биди слободна да носиш сопствени одлуки во животот“.
„Мислам дека успеав да останам прилично анонимна, а среќен живот значи да живеам анонимно“, додала таа.
Не сите веруваат во оваа романса
Сепак, не се сите убедени дека оваа наводна романса меѓу Кирил и Тифаен е вистинска.
Магазинот „Le Point“ цитира извор близок до Хануна кој тврди: „Во написот нема компромитирачки фотографии. Искрено, Кирил често ги носи членовите на својот тим на вечера по шоуто, тоа е негов обичај. Не е ништо ново“.
Други забележале дека парот тргнал по својот пат по вечерата и дека се чинело како Ханун бил повеќе заинтересиран за својата паста отколку за разменување погледи со Тифен.
Корисниците на социјалните мрежи шпекулираат дека тој самиот можеби ја инсценирал целата приказна за да го оттргне вниманието од текстот на порталот „Mediapart“, кој минатиот петок објавил видео на кое наводно го навредува и му се заканува на својот колумнист за време на пауза во емисијата во 2023 година.
Некои дури се пошегувале дека тоа можеби е негов начин „да се доближи до Елисејската палата“. Наскоро ќе биде министер, па претседател“, порачал еден корисник, пренесува „The Telegraph“.