Пред еден месец на концертот на Колдплеј се случи вирален прељубнички скандал, а сега се одиграла нова ситуација за која повторно сите зборуваат.
Во текот на концертот на групата Колдплеј на лондонскиот стадион Вембли, Крис Мартин му помогнал на обожавател да ја запроси својата девојка, па ја искористил можноста за шега.
На популарната „Kiss Cam“ се појавил маж со транспарент на којшто пишувало „Сакам да запросам“, со стрелка која покажувала кон жената на која стоела пред него.
Откако го прочитал натписот, Крис Мартин продолжил: „Во ред, сега слушај. Треба да кимнеш со главата додека правам некои основни проверки“, Пејачот потоа го прашал: „Дали оваа личност е ваш партнер и ничиј друг?“, шегувајќи се на сметка на виралното неверство кое беше откриено на еден од концертите на групата.
Запросување на концертот
Мажот потврдил, а Мартин продолжил: „Дали сте роднини, брат и сестра или нешто слично? Дали сте реални луѓе? Во ред, тогаш мислам дека може да продолжиме. Еве еден бесплатен совет додека сите ве гледаме, те советувам да клекнеш на едно колено“.
Воодушевената публика го набљудувала моментот во којшто мажот ги слушал упатствата, па ја запросил својата партнерка, а потоа ја бакнал.
„Каква прекрасна девојка и прекрасно момче, на овој ден ве поттикнувам да се бакнете. Се надевам дека ќе бидете среќни до крај на животот“, им порачал Мартин.
Вирална афера
Да ве потсетиме, пред еден месец на концертот на Колдплеј се случи вирален скандал кога (сега веќе поранешен) директорот на „Astronomer“ Енди Бајрон на камерата беше фатен во афера со директорката за човечки ресурси Кристин Кабот.
Според последните пишувања на странските медиуми, Енди Бајрон сака да ги тужи Колдплеј.