[ФОТО] Адриано, првиот службеник-робот во државната управа во Рим

Точка

21/03/2025

20:07

533

Големина на фонт

а а а

Стопанската комора на Рим го претстави Адриано, првиот робот-работник во италијанската јавна администрација, подготвен за пречекување на граѓаните и туристите, обезбедувајќи информации на италијански и англиски јазик за историјата на Рим и Стопанската комора на италијанската престолнина. Опремен со вештачка интелигенција и иновативна технологија, Адриано ќе биде оперативен од понеделник, 24 март 2025 година.

Името го добил по еден од најпознатите римски императори Адриано, а работниот ден ќе го поминува во храмот кој го носи неговото име и името на неговата сопруга Вибија Сабина на Пјаца ди Пјетра. Има хуманоиден изглед, опремен е со сензори за компјутерски вид, како и вештачки мускули кои му овозможуваат безбедно, ефикасно и деликатно да комуницира со луѓето.


Благодарение на напредната технологија, тој има раце и покрај вербалната комуникација, може и да се ракува со посетителите, да ги движи и преместува работите со високо ниво на безбедност.

Адриано може и да ги изразува емоциите преку многу реални изрази на лицето, со што се постигнува поприродна и поинтересна комуникација со корисниците. Овој аспект засега го прави единствен бидејќи умее да ги приспособи изразите на лицето според контекстот и соговорникот.


Кој го создал Адриано и колку време траела работата на проектот?

Првиот робот вработен во јавниот сектор е резултат на соработка помеѓу четири врвни италијански реалности во областа на роботиката и вештачката интелигенција, Италијанскиот институт за технологија (IIT), Универзитетот Сапиенца во Рим, старт-ап Универзитетот Сапиенца – Babelscape, како и спој на италијанскиот институт за технологија и Универзитетот во Пиза - Obrobotics – тим од над 30 луѓе (истражувачи и инженери).


Целиот процес на развој барал 18 месеци работа, а во него биле вложени 137.000 евра.

„Адриано е експериментален проект што решително го промовиравме, со цел да ги натераме луѓето да разберат каква би можела да биде меѓусебната поврзаност помеѓу роботиката и вештачката интелигенција“, рекол Лоренцо Таљаванти, претседател на Стопанската комора, и додал: „и како овие меѓусебни врски можат да доведат до создавање алатки корисни за подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Адриано сега е дел од единствениот архитектонски контекст во срцето на Рим, каде историјата и иновацијата се спојуваат на динамичен и успешен начин“.


Научниот директор на Институтот за технологија, Џорџо Мета изјавил дека ова е првиот чекор кон иднината во која машините ќе комуницираат со луѓето на природен начин, поддржувајќи и подобрувајќи ги услугите.


Антонио Бики, раководител на лабораторијата „SoftBots“, рекол дека ова е првпат ваков напреден систем да биде претставен во италијанскиот јавен сектор, додека Даниеле Нарди од Универзитетот Сапиенца рекол дека роботот има способност да биде автономен и да има изрази на лицето слични на човекот, како и гласовни интеракции.